Во дербито на Првата лига во групата Б екипите на Јуниор Кисела Вода и Алкалоид одиграа максимално израмнет и неизвесен дуел, кој после голема борба го доби гостинската екипа со минимални 29:30.
Почетните минути беа израмнети се играше гол за гол до 4:4, Алкалоид прв стигна до повисока предност со серија од три гола. Јуниор КВ брзо се врати и повротно резултатот беше нерешен. Во 20. минута беше 11:11.
Во последните десетина минути од првиот дел Алкалоид имаше подобро издание и со головите на Симоноски и Илиески во завршницата на полувреме обезбеди позитива од два гола. После 30. минути игра гостите имаа 15:17.
Во продолжението Јуниор КВ постојано се обидуваше да ја стопи негативата но Алкалоид не дозволи противникот лесно да се врати во игра. Сепак после девет минути игра повторно беше нерешено, 20:20. Домашниот тим никако не успеваше да стигне до водство одново и до крајот гостите ги однесоа бодовите.
Најрасположен за игра во тимот на Јуниор КВ беше Дарио Симоноски со осум голови, а по шест постигнаа Игор Илиевски и Горан Печенковски. Во составот на Алкалоид прв стрелец беше Мартин Серафимов со седум гола, а по пет гола постигнаа Игор Ѓоргиев и Александар Стојков.