Ракометарите на Текстилец во рамки од 9.коло од плеј-аут фазата во Првата лига успеаја да дојдат до триумф на гостувањето во Гевгелија кај Партизан, 33:37(17:23).
Во натпревар со многу голови и технички грешки, екипата на Текстилец започна да ја гради својата предност од првата половина од првиот дел и успешно ја одржуваше до самиот крај.
Домаќините беа во водство во воведниот дел и можеа да парираат само едно полувреме. Избраниците на Зоран Кајтазов во второто полувреме дозволија гостите од Штип да се одлепат на 20:26 и тука веќе беше јасно дека немаат никакви шанси за камбек.
Овој натпревар го одбележаа Васе Петров и Ѓорѓе Банцалиски, кои беа најефикасни во победничкиот, односно поразениот табор. Петров постигна 19 погодоци во мрежата на домаќините, додека Банцалиски со 16 погодоци, повторно беше најефикасен во редовите на Партизан.