Ракометарите на Вардар имаа плус три на осум минути до крај, а од Загреб се враќаат со пораз од 22:23 откако во финишот „црвено-црните“ не знаеја како да ја зачуваат предноста и со многу грешки го загубија натпреварот.
И Вардар и Загреб имаа свои моменти во текот на целата средба, но и падови, па оттаму сите 60 минути минаа во интересен тек и постојано беше неизвесно. И двете екипи успеваа да се истакнат и да дојдат до предност, таа позитива најчесто беше најмногу до два гола, а само во одредени ситуации стигаше до три.
Загреб до доби почетокот и имаше 5:2, но при 6:4 го загуби чекорот и тука вардарци имаа 4:0 и преземање на водството. Во завршницата на првото полувреме Загреб успеа одново да ја врати предноста и дојде до ново водство.
Домашните успеаја да издржат, па заминаа на одмор со 14:12. Имаа два гола кои ги загубија за само две минути игра во второто полувреме кога Дибиров и Валчак погодија за 14:14 и ја вратија неизвесноста.
Како што се одвиваа работите стануваше јасно дека Вардар ќе го преземе водството. не требаше да се чека многу бидејќи во 42. минута беше 17:16 за „црвено-црните“, кои минута подоцна имаа и 18:16.
Овие плус два ги чуваа постојано. Долго бараа можност за плус три. Имаа неколку напади, а потоа на осум минути до крај Ѓукиќ реализираше од контра за 21:18. Сето ова набрзина го снема бидејќи Тото доби исклучување и за три минути Загреб направи 3:0. Сепак, Валчак ги прекина минутите без гол за нова предност на Вардар, а до крај имаше нешто повеќе четири минути.
Лошата вест беше што Тото доби ново исклучување брзо откако се врати во игра. Силите беа израмнети откако беше исклучен и Хрстиќ набрзо после тоа, а Гаџа беше запрен од Славиќ. Откако Срна донесе нов пресврт, Моралес промаши и на минута и пол до крај резултатот беше и понатаму негатива. Загреб водеше 23:22. До крајот остана истиот резултат, па Загреб се радуваше на победа и скок на табелата на која Вардар сè повеќе доне после седмиот пораз.
„Се плашам пред дуелот во Битола, поразот од Загреб може да има негативен ефект“
Кудуз: Грешевме во одлучувачки моменти, Загреб знаеше тоа да го казни
Обрван: Загреб и Вардар се најдобри во регионот, имавме среќа и се извадовме од калта