Вардар со подароци се поздрави со Ристова, Дамјаноска, Николовска…(ФОТО)

Екипата на Вардар со победа над Чаир од 31:28 (15:11) ги заврши настапите за оваа сезона, освојувајќи го 4 место на табелата во плеј-оф фазата во Женската лига.

Во салата при ОУ „Круме Кепески“, во Кисела Вода, ракометарките на Вардар победата им ја посветија на две личности кои се дел од екипата речиси седум години.

На натпреварот против Чаир, последниот „црвено-црн“ танц го имаа тренерот, Драгана Ристова и пикерот, Катерина Дамјаноска, која од вардаровиот дрес се збогува и со еден постигнат гол.

Раководството на Вардар со пригоден поклон им се заблагодари на Ристова, Дамјаноска, како и на Марија Николовска, која во редовите на Вардар пристигна во пролетниот дел на оваа сезона.

По седум години во „црвено-црното“ семејство – Ристова заминува од Вардар!