Ракометарите на Вардар утре ќе го одиграат последниот натпревар од регуларниот дел во СЕХА лигата против Војводина на гости во Нови Сад.
Со оглед на тоа што е ЕХФ недела, стратегот Стевче Алушовски нема да се смета на сите расположиви сили.
Отсутни ќе бидат Марко Кизиќ, Филип Талески, Стојанче Стоилов, Марко Мишевски и Гоце Георгиевски кои од денеска се на подготовки со македонската репрезентација.
Обврски кон националните тимови на Полска, Хрватска и Црна Гора ќе имаат Патрик Валчак, Иван Чупиќ, Анте Гаџа и Васко Шеваљевиќ, додека поради повреда нема да игра ниту Димитар Димитриоски.
Поради тоа, Вардар вклучи во првиот тим шестмина кадети кои ќе треба да го пополнат ростерот. Натпреварот меѓу Војводина и Вардар се игра утре во Нови Сад со почеток во 17:00 часот.