Тимот на Вардар Неготино го ангажираше второто засилување пред стартот на суперлигашката битка за опстанок.
Станува збор за кружниот напаѓач Димитар Матовски, кој има и суперлигашко искуство во дресот на Пролет, а го носеше и дресот на прволигашот Драчево.
Претходно Вардар Неготино се договори и со десниот бек од Србија, Лазар Адамовиќ, па тренерот Петар Ангелов ќе има поширок ростер за натпреварите.
Неготинци ќе стартуваат без бодови во плеј-аутот, а првиот предизвик ќе го имаат на домашен терен в сабота против Голден Арт од 18:30 часот.