Бојан Белевски по две години пауза му се врати на ракометот, ќе игра за германскиот Тегел

Македонскиот интернационалец Бојан Белевски, по две години пауза се враќа на ракометните терени во Германија.

34-годишниот универзален бек кој потекнува од Струга, потпиша договор со тимот на Тегел Берлин, кој игра во регионалната лига.

Освен за матичната Струга, Белевски во Македонија ги носеше дресовите на Тиквеш, Радовиш, Борец и Охрид.

Во странство играше за босанската Слога Добој, бугарскиот Левски Софија и германскиот Шпандау.