Шампионот Војводина славеше во дербито против тимот на Партизан со 28-24, во натпреварот од првото коло на плеј-офот во српскиот шампионат.
Најдобриот меч во тимот од Нови Сад го одиграа некогашниот вардарец Грегор Оцвирк, кој даде 11 гола од 12 обиди.
Словенецот ја водеше Војводина до вреден триумф против најголемиот конкурент за титулата во Србија.
Партизан пред мечот остана без капитенот Живковиќ, плејмејкерот Писариќ и Мандиќ, па не можеше да им парира на располжените домаќини.
Покрај Оцвирк, добра партија во Војводина пружија и десниот бек Николиќ, кој даде седум гола и Прибак кој беше стрелец на три погодоци.