Ракометната федерација на Македонија денеска го промовираше новиот Комесар за натпревари, а тоа ќе биде Благојче Тодоровски.
Битолчанецот доаѓа на местото на Славе Николов, кој поднесе оставка на тоа работно место пред една недела.
Тодоровски заедно во пар со Димитар Митревски е долги години меѓународен судија, со големо искуство на домашна и европска сцена.
Минатата недела беше формирана и комисија од три члена која треба во иднина да го врши делегирањето, а покрај Тодоровски во неа ќе бидат и извршниот директор во РФМ, Александар Велковски, како и Филип Христов.
РФМ со „колективна одговорност“ – наместо комесар ќе има комисија за делегирање