Машката репрезнтација на Македонија има убава шанса да го продолжи континуитет настапи на големите натпреварувања, откако на првата средба против Чешка извлече ремми, 24-24.
Натпреварот започнува од 19:00 часот, се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“, а билети повеќе нема.
Ракометната федерација упати апел до сите што имаат обезбедено билети за утрешниот натпревар да се појават навреме во сала и да ги заземат своите места, бидејќи ќе има околу 7.000 гледачи.
Вратите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 17:30 часот, а ќе се затворат половина час пред стартот на мечот.