Шведска стартуваше со убедлив триумф над Македонија со 32-20 во првото коло од Светското првенство во Египет.
Селекторот на „викинзите“ Глен Солберг беше задоволен од триумфот и истакна дека било забавно на натпреварот.
„Одигравме 100% како што се договоривме пред мечот. Јас сум навистина среќен. Имавме одлична одбрана, одличен голман и многу контранапади. Беше навистина забавно“, вели Солберг.
Во второто коло Шведска ќе игра против Чиле, додека Македонија ќе има тешка задача против домаќинот Египет.