Откако минатиот викенд го освои каталонскиот Суперкуп трофеј, со победата над Грањолерс, тимот на Барселона освои уште еден.
Избраниците на Чави Пасквал славеа во шпанскиот Суперкуп против Бенидорм, со убедливи 38-18 и се закитија со уште една титула.
Ова е 23-та титула за Барселона во ова натпреварување, a најефикасни во победата беа Макуц со седум и Гомез со шест погодоци.
На 2 септември каталонскиот гигант ќе ја стартува одбраната на титулата во Асобал лигата против Сагунто.