Барселона не само што се спаси во Словенија туку и победи. Поведе првпат во 59 минута, и победи 28-27 (12-15) на крајот против Целје. Драмата се реши во последните минути кога иако имаа предност од три гола, 26-23 на крајот победија. Дика Мем двапати погоди на крај, потоа Абело во контра го постигна голот за прво водство и победа.
А целиот натпревар ветуваше можност за поинаква завршница. По триумфот во Франција кај Нант, ракометарите на поранешниот европски шампион Целје имаат нов мотив да покажат дека се „пеницилин“ за фаворитите и тоа против Барселона.
И уште од самиот почеток на средбата најавија можност за ново големо изненадување. Тргнаа со водство кое остана до крајот на полувремето. Имаше предност Целје од 9-6 во 17 минута, ама Браселона брзо возврати, па израмнија на 9-9. За момент Шпанците најавија дека до тогаш тоа бил само период на лоша игра. Но, не беше само период.
Целје продолжи да погодува и пак да води, 11-19, а потоа и 13-10. Немаа решение Шпанците за Гал Маргуч кој имаше реализација 4/5 и Тилен Стрмљан со реализација 3/3. Во 29 минута Словенците го имаа највисокото водство, 15-11. Ричардсон погоди за намалување на „минус 3“. Можеше Целје да има повисоко водство, но последниот гол на Стрмљан не беше признаен бидејќи беше по истекот на 30-те минути, за што домашните протестираа.
Само што почна второто полувреме Тадеј Мазеј имаше шанса првпта да „дигне “ на „плус 5“, но контрата ја одбрани Перез де Варгас. И Сухолежњик имаше шанса, и откако не се искористија тие можности, Фабрегас намали на 18-15 во 36 минута.
Во 40 минута Гал Маргуч не реализираше пенал, кој заврши во стативата на Барселона, Откако Мазеј по вторпат беше исклучен, Целје играше со 4 играчи во поле, а Барселона тоа го искористи да намали на 21-19, а потоа Јанц ја погоди стативата, па немаше резултатска драма. Но, она што двете екипи го промашија потоа, го реализираше Малвин Ричардсон кој во полуконтра намали на 21-20. На 16 минути до крај Барселона донесе драма.
Целје брзо возврати и повторно зголеми на „плус 2“, 22-20, и по една техничка грешка на гостите добија можност повторно да одат во плус. Откако Луис Фраде доби исклучување, Целје тоа брзо го искористи и поведе со 23-20. Барселона продолжи да прави технички грешки, и Целје повторно го искористи тоа да постигне гол и да поведе со 24-20. Во 48 минута гостите мораа да бараат тајмаут и да се обидат нешто да сменат.
На четири минути до крај Барселона има два гола заостанување (25-27), и плус тајмаут, што ветува интересна завршница. Играјќи со играч помалку во поле Хампус Ване промаши од крило, а Мартиновиќ во следниот напад направи грешка. Она што нападот на екипите го промашува, го исправаат голманите.
Дика Мем на 2,5 минути до крај намалува на 26-27, а Жабиќ ја погодува надворешнта страна од мрежата. На 75 секунди до крај Дика Мем погодува за нерешено, и за драма во завршницата. Потоа пак погрешија Словенците и Абело Гомез во контра го донесе победоносниот гол.
Келце им се врати на победите со стил, против данскиот гигант Алборг