Бабиќ: Моите ракометари беа на највисоко ниво, покажаа колку вредат

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Лигата на Европа, откако во Битола беше совладана унгарската Татабања со 33-20.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ смета дека неговите играчи одиграле одличен натпревар и ги пофали ангажманот, желбата, фокусот…

„Ние одлично го искористивме уморот на Татабања. Нивното патување, многуте натпревари, сетоа тоа влијаеше на нивната претстава. Сакам да им се заболгадарам на моите играчи за нивната желба, нивниот фокус, ангажман, екстра труд….Сето тоа беше на едно високо ниво, па мене ми беше лесно. Моите играчи покажаа дека вредат. Победивме многу повеќе отколку што очекувавме. Унгарскиот тим е на добар пат, треба само да го задржат мирот. Ќе се видиме и во Унгарија, па ќе видиме што ќе се случи“, вели Бабиќ.

Следен предизвик за македонскиот тим ќе биде незгодното гостување кај Спортинг Лисабон на 30 ноември.

Еурофарм Пелистер како тајфун, ја „оддува“ Татабања среде Битола

Божиќ Павлетиќ: Дојдоа и нашите пет минути