Атракција на маестро Скубе – постигна гол со пируета во скок! (ВИДЕО)

Иако имаше најава дека Сташ Скубе ќе го напушти Мешков Брест после репрезентативната пауза, сепак Словенецот се врати во својот клуб и продолжува со своите одлични изданија. Мешков Брест славеше на гостувањето кај Машека со 31:37, а голот на натпреварот го постигна Сташ Скубе. Поранешниот вардарец со мајсторски удар од пируета во скок успеа да го совлада противничкиот голман. Видеото од голот може да го погледнета во продолжение...