Андоновски среќен по триумфот над Струга: Ова беше пресвртница – одиме сигурно во плејофот

Пред почетокот на дуелот меѓу Струга и Охрид, мала фаворитска предност им се даваше на гостите од Охрид. Но, тие се мачеа долго време и на крајот со пресврт стигнаа до значаен триумф, 24-22 (10-12) со кои прават голем исчекор кон плејофот. Откако во 54 минута првпат поведоа до крајот Охрид водеше и се израдува на победата.

Тренерот на охриѓани, Горан Андоновски беше среќен поради триумфот, кој им симна голем притиоск од плеќите. Сега е уверен дека тимот полесно ќе игра и дека со една нога се веќе во плејофот.

„ Бековската линија одигра одлично. По несреќниот и незаслужен пораз од Бутел, и лошиот распоред потоа сега покажавме дека иако работиме заедно само два месеци доаѓаат резултатите. Физички сме добо рподготвени, и затоа и го издржавме темпото на мечот до крај. Тоа беше решавачко. Сега ќе ни биде многу полесно, вели Андоновски по триумфот на Охрид.

Но, не беше нималку лесно да се победи Струга. Домаќините имаа водство од 12-9 во првото полувреме. И тие се надеваа на бодови со кои ќе бидат во трка за едно од првите четири места на табелата.

“Струга има свои квалитети, и тие имаат интернационалци. Полна сала, сетоа тоа требаше да се издржи. Сега мислам дека дека сме побликсу до плејофот, иако има уште доста да се игра од регуларниот дел на првенството. Формата ни оди во нагорна линија. Тоа најмногу ме радува, вели Андоновски.

Сега следува пауза во првенството и ЕХФ репрезентативната недела, и единствено Халил Озтурк ќе биде отсутен. Другите остануваа во Охрид и продолжуваат да се подготвуваат за следниот меч со Вардар Неготино на домашен терен.

Охрид славенички во „езерското дерби“ против Струга