Алушовски три години на клупата на Охрид!

Амбициозната екипа на Охрид денес го промовираше Стевче Алушовски за нов тренер на тимот. 50 годишниот македонски стратег, кој ќе биде замена за Горан Андоновски, потпиша за тимот на Гладијаторите до 2026 година!

Поранешниот репрезентативец на Македонија својата тренерска кариера ја градеше во Пелистер и Вардар, додека на интернационално ниво имаше забележителни резултати во исландскиот Тор Акурејри.

Како играч беше дел од екипите на Пелистер, Јафа Промет, Вардар и Металург.

Охрид претходно ги промовираше Берин Бркиќ, Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески, Милорад Кукуски и Никола Стоилевски.

Раководството на клубот им се заблагодари на петмина ракометари кои сезонава играа: Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов.

Четворица македонски репрезентативци ќе го носат дресот на Охрид