Ракометарите на Еурофарм Работник, по обврските во Лигата на шампионите и гостувањето кај Бидасоа Ирун, се враќа во регионална СЕХА лига и утре ќе го одигра дуелот со Веспрем. Тренерот Стевче Алушовски вели дека гостувањето на унгарскиот тим е празник на ракометот.
„Гостувањето на Веспрем во Битола е празник на ракометот. Европскиот вицешампион преполн со звезди доаѓа во нашиот град и тоа е посебен настан. Доколку ракометот се играше по име и буџет, Веспрем не ни треба да доаѓа во Битола – знаеме дека се посилни од нас. Но, на терен можеме да се надеваме. Сите ракометари освен Никола Маркоски се здрави и мотивирани. Ќе дадеме максимум, што е во наша моќ да бидеме достоен репрезент на македонскиот ракомет“, изјави Алушовски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Веспрем ќе се одигра утре од 17:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.