Алмеида зема две признанија и најави: Ми треба нов предизвик

Бразилката Андреза Алмеида со Куп трофеј и две индивидуални награди заминува од Куманово и во новата сезона ќе бара нов предизвик. Во драматичен меч Куманово со гол во последните секунди победи со 32-31 против Вардар.

За Куманово ова е трет триумф во Купот, по оние во 2019 и 2021 година.

Веднаш по освојувањето на Куп титулата, членката на Куманово изјави дека ќе и треба нов предзивик. Но, секако е среќна заради успехот, сопствен и на целиот тим.

„Многу ми значи мене. Се заврши како што сакавме. Не игравме како што сакавме, но победивме. Направивме одлична работа со Вардар, тие се добар тим. Имавме многу грешки. Уживавме во последниот гол, вели Алмеида која постигна 11 гола во финалето.

Вардар беше во негатива, потоа и водеше, н Куманово ја контролираше ситуацијата. Сепак драмата се случи во последните минути. Скопјанки израмнија во последната минута, а последниот напад го имаа кумановки.

„Беше драма во последната минита. Подот беше лизгав, ја загубив топката и тие постигнаа гол. Но, потоа се се заврши како што сакавме. Сега мислам дека ми треба нов преизвик, изјави Алмеида.

Граматова е херој, Куманово ја доби драмата со Вардар за Куп трофеј

 

Димитријески: Знаевме што сакаме и имавме контрола на мечот