Ако Шпанија го победи Алжир, Македонија ќе игра полуфинале против Египет!

Македонија ја заврши групната фаза на Медитеранските игри со две победи (над Турција и Грција), едно реми со Алжир и еден пораз од Шпанија.

Со пет бода е на второто место на табелата, пред домаќинот Алжир, кој има исто толку, но и натпревар помалку со фаворитот Шпанија. Македонија е на второто место во моментов поради подобрата гол разлика од Алжир, плус 18 наспроти плус 15 во однос на домаќинот на МИ.

Шпанците не смеат да си дозволат пораз бидејќи може да ја загубат првата позиција на табелата, па сигурно ќе одат по полн плен против Алжир. За Македонија да игра во полуфиналето е доволна било каква победа на „фуријата“, па дури и со еден погодок.

Натпреварот меѓу Алжир и Шпанија се игра утре од 20:15 часот, а доколку Шпанците триумфираат, Македонија ќе оди на мегдан на Египет, кој е прв во другата група. Во тој случај „фуријата“ ќе го чека победникот од дуелот меѓу Тунис и Србија за полуфинален ривал.

На чекор до полуфинале: Блесок на Петковски, Македонија ја декласира Турција!