Ако пропуштивте: Како лалињата „овенаа“ пред некогашната ракометарка на Металург (ВИДЕО)


Србија направи голем пресврт против светскиот шампион Холандија во второто полувреме и славеше на крајот со 29-25, иако губеше и со седум голови разлика. Во отсуство на Андреа Лекиќ, главната улога во нападот на Србинките ја имаше некогашната ракометарка на Металург, Катарина Крпеж Слезак. Таа постигна 11 погодоци од 15 обиди и беше прогласена за играч на мечот. Погледнете дел од нејзините голови и најинтересните моменти на натпреварот против „лалињата“.....Фото: Kolektiff Images