Аеродром со лесни три против некогашниот шампион

Ракометарите на Аеродром ја остварија втората победа во групата 2 од Првата лига, овојпат на домашен терен ја совладаа екипата на Борец со убедливи 37:21.

Минатогодишниот суперлигаш и некогашен првак на Македонија, беше немоќен на гостувањето во Скопје. Гостите поведоа со 3:2 и тоа беше сè што сторија на мечот, потоа Аеродром ја презема контролата на натпреварот и до полувреме обезбеди сигурна предност од 19:10.

Уште по првиот дел беше познато кај кој ќе одат бодовите, а во вториот дел само го потврдија тоа домашните со убедлива игра. До крајот на натпреварот без проблеми стигнаа до убедлива победа со 16 гола разлика.

Најефикасен во екиапта на Аеродром и на натпреварот беше Марко Митев со 11 гола, а во поразената екипа се истакна Лазар Стојанов со девет погодоци. Во наредното коло Аеродром гостува кај КЛ7, а Борец го пречекува Младост Богданци.