Екипата на Аеродром, која е организатор на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција, обезбеди пласман во финалето, откако во полуфиналниот дуел против Куманово триумфираше со пет гола разлика, 17:12.
Аеродром за првото место на завршниот турнир ќе се бори против тимот на Голден Арт. Ракометарите на Голден Арт во второто полуфинале славеа над Еурофарм Пелистер со 23:19.
Ф4 турнирот кај пионерите се игра во еден ден, така што натпреварот за трето место, како и финалето, ќе се одиграат во текот на денешниот ден.
Натпреварот за бронзениот медал, во кој ќе играат екипите на Куманово и Еурофарм Пелистер, е закажан за 17:00 часот, додека финалниот натпревар меѓу Аеродром и Голден Арт ќе се одигра во 18:45 часот.
Ланската сезона титулата кај пионерите ја освои екипата на Бисинов, која во финалето ја совлада Струга со 21:18.
Пионерите полнат сала како во Лига на шампиони, а Аеродром слави финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Ракометна магија и мајсторија на пионерите на Голден Арт (ФОТОГАЛЕРИЈА)