Пионерите полнат сала како во Лига на шампиони, а Аеродром слави финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пионери Ф4 2023: Аеродром – Куманово

Аеродром е првиот финалист на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција, откако го победија Куманово со 17-12.

Полна сала, навивање, вувузели, пеење. Борбена игра, акции на моменти и атракции.. Навивачите се родители, роднини и членови на тимовите, а не е меч од Лига на шампиони. Вака изгледаше денеска малата сала во СЦ „Јане Сандански“ каде се одржува пионерскиот Ф4 турнир. Организаторот на турнирот, тимот на Аеродром ја најави кандидатурата за трофејот, откако со 17-12 го победи тимот на Куманово. Матеј Бојаџиски со 5 гола и Борјан Благоев со 4 беа најефикасни кај Аеродром, а Христијан Вујучевски со 6 и Ангел Арсовски со 4 гола кај Куманово.