Ракометна магија и мајсторија на пионерите на Голден Арт (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 

Пионери Ф4 2023: Голден Арт – Еурофарм Пелистер

Пионерите на Голден Арт се пласираа во финалето на Ф4 турнирот откако со 23-19 го победија тимот на Еурофарм Пелистер.

Во меч каде се борат за секоја топка, за секоја акција, и секоја одбрана пионерите на Голден Арт предводени од „професорот“ Јаковче Матлиевски поделија уште една ракометна лекција. Акции, проигрувања и пред се тимска пожртвуваност за првото финале на пионерите на скопскиот тим. Полни трибини и полни срца радост. Голден Арт го победи Еурофарм Пелистер со 23-19 во полуфиналето на пионерскиот Ф4. Кај победничката екипа, шест гола постигна Гораз Дамчевски а еден помалку даде Лука Јовиќ. Во тимот на Еурофарм Пелистер “десетка“ даде Стефан Ѓоргиевски, а по три гола дадоа Андреј Ѓеоргиев и Александар Дуковски.