Селекторот на австриската репрезентација, Алеш Пајовиќ, го соопшти списокот на 18 ракометари за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка. На списокот нема големи промени во однос на составот со кој настапи Австрија на Светското првенство во Египет.
Пајовиќ ќе може да смета на искусните ракометари како Себастијан Фримел и екс ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ, кои ќе имаат поддршка од младите Никола Билик, Марин Мартиновиќ…
Собирот на репрезентацијата на Австрија е закажан за 2 јануари. Избраниците на Алеш Пајовиќ на 6 и 8 јануари ќе одиграат пријателски натпревар против Словачка.
Австрија на Европското првенство има тешка група и секој освоен бод на нејзино конто ќе има огромно значење.
Противници на Австрија во првата фаза се селекциите на Полска, Германија и Белорусија во рамките од Групата Д.