ФТЦ решен да го симне Ѓер од престолот – ја ангажира и светската шампионка Малестајн!

Екипата нa Ференцварош која во последно време е во сенка на Ѓер во домашното првенство очигледно е решена да ја врати шампионската титула кај нив. После потпишувањето на двете германски репрезентативки тие носат уште четири нови ракометарки.

Пред само неколку дена беа промовирани Алисија Столе и Емили Блок, а веќе се обезбедени услугите на нови ракометарки. 27 годишната Јулија Бенке ќе го напушти Ростов по крајот на сезоната и ќе се приклучи на ФТЦ. Останатите две ракометарки пристигнуваат од ЕРД. Тоа се голманката Кинга Јанурик и пикерот Анет Кишфалуди.

Претхондно ФТЦ потпиша и со уште една унгарска ракометарка, Анет Ковач од Бекешчаба. Сите овие ракометарки кои ќе бидат дел од Ференцварош потпишаа договори на две години. Но, се чини дека ФТЦ нема да запре тука.

Најновите информации велат дека холандската репрезентативка Ангела Малестајн, која стана светски првак со националниот тим, а во моментов настапува за германскиот Битигхајм ќе биде најновата аквизиција во ФТЦ.

Според активностите на трансфер пазарот унгарскиот вице-шампион прави големи промени во играчкиот кадар. Доаѓањата на новите ракометарки значат и заминување на некои од досегашните играчи. Од ФТЦ заминуваат Даник Снелдер во Шиофок, Софија Земери, Ѓурѓина Маловиќ, Дора Хорњак и Викторија Лукач во Ѓер.