Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа со 27-26 против Кадетен во натпревар од 8 коло во групната фаза од Лигата на Европа.
Средниот бек Јосип Периќ беше најдобар стрелец со шест погодоци, а со последниот ја запечати победата.
„Тежок натпревар. Втора година по ред играме со нив, физички многу тешко, како партија шах на теренот. Мислам дека добро бевме подготвено, и ментално и физички. Се обидовме да го контролираме целиот меч 60 минути, тие имаа свои шанси, имавме расположен голман во финишот кога паднавме. Иако на крајот можеа да стигнат до бод, сепак ние заслужено победивме“, изјави Периќ.
Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај унгарската Татабања на 1 март.
Драма со среќен крај за Еурофарм Пелистер, Кадетен падна во Битола!