Младинките на Вардар се прваци на Македонија

Младинските на Вардар ја освоија младинската титула во Македонија откако во финалето на Ф4 турнирот го победија Ѓорче Петров со 32-29 (14-16). Ова е прв триумф на „црвено-црните“ сезонава, а сениорките играа во финалето на Купот.
Во натпреварот за третото место Шампион го победи Металург со 24-16.

На почетокот на финалната средба Вардар поведе со 5-2 како најава дека сакаат да го освојат младинското првенство. Потоа вдеше и со 8-5 во 10 минута од средбата. домаќинките израмнија на 8-8, но Вардар пак зголеми на „плус 2“ за водство 10-8.

Пресвртот стигна во вторите 15 минути од првото полувреме кога Ѓорче Петров израмни, а потоа и водеше. Се играше „гол за гол“ се до последните минути кога ѓорчепетровки зголемија на 16-14 и со тој резултат се отиде на одмор.

Го одржуваше водството Ѓорче Петров во првите десет минути, па откако Вардар направи пресврт и поведе со 20-19 се најави интерссна завршница. Во 52 минута Вардар веќе водеше со 24-21, и со се помали шанси домашните ракометарки да направат нов пресврт.

Откако Вардар поведе со 26-22 во 55 минута веќе беше јасно дека титулата кај младинските ќе ја освојата „црвено-црните“ На крај „плус 4“ за Вардар и триумф од 32-29.