Унгарскиот гигант Веспрем е во лоша серија. По двата врзани порази во Лигата на шампионите од Кил и од Монпелје, тиот на Давид Дејвис мораше да се помири и со пораз во регионалната СЕХА лига од составот на Еурофарм Работник. Но тој вели дека е задоволен.
„Еурофарм Работник одигра многу добро, ова е тежок поразза мене. Но, јас сум задоволен од одиграното на моите ракометари, кои ќе продолжат со работа. Нашите навивачи сигурно не се среќни со овој пораз, но мислам дека можеме повторно да имаме одлична сезона“, изјави Дејвис.
Следниот натпревар што ќе го одигра Веспрем повторно ќе биде од регионалната СЕХА лига против составот на Мешков Брест.