Данска со победа ја стартуваше главната рунда на ЕП!

Во натпревар со многу пресврти, репрезентацијата на Данска ги освои бодовите од дуелот против Унгарија триумфирајќи со 29:27, во 1. коло од главната фаза на Европското првенство. Данска со победата против Унгарија останува во игра за пласман во полуфиналето, додека Унгарија ги изгуби сите шанси за второто место во групата А.

Во првото полувреме се играше доста изедначено, селекцијата на Данска во поголемиот дел беше во резултатска предност, но без голема комоција во играта, па така резултатот најчесто беше израмнет. Откако седум пати Унгарија го израмнуваше резултатот и бркаше негатива од еден гол, во 15 минута од дуелот дојде до првото водство, поведе со 8:7 и до крајот на натпреварот успешно им парираше на брзите дански ракометарки.

Унгарија уште во еден дел од првото полувреме беше во водство (9:8) и во последните минути од првиот дел Данска со постабилна игра и цврста одбрана успеваше да биде подобриот противник на теренот.  Данска за неколку минути го врати водството и на полувреме замина со активен резултат од ,,плус два” 14:12.

Хансен на стартот на вториот дел и ги донесе највисоките дотогаш три гола разлика на селекцијата на Јеспер Јенсен, 15:12, но Унгарија не се предаваше, се разиграа Мартон, Вамос, Клјубер… па така составот на Головин во 40 минути се врати на теренот израмнувајќи на 19:19, откако претходно Данска имаше контрола од еден до два гола разлика.

Во последниот период од натпреварот се влезе во неизвесен финиш. Унгарија во 45 минута поведе со 21:20 и ја презеде контролата на теренот. Унгарките на речиси десет минути пред крајот имаа и два гола разлика 25:23 и попуштија неколку напади за три гола предност. Данска со погодоците на Хојлунд и Хансен направи пресврт и во финишот поведе со 26:25. Упорната Унгарија за момент израмни на 26:26 и во клучните моменти Данска беше повеќе пофокосирана за успешен старт во главната фаза.