Гледајте ВО ЖИВО: Франција – Македонија (ЛИНК)

Женската кадетска репрезентација на Македонија денес на Европското првенство во Црна Гора ќе го одигра последниот дуел во рамки од групната фаза.

Ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Франција, која е еден од фаворитите за освојување на златото.

Во досегашниот тек од натпреварувањето, кадетките на Македонија беа поразени од Романија и Унгарија, додека Франција против истите репрезентации запиша победа.

Натпреварот меѓу Франција и Македонија се игра во спортскиот центар „Морача“ со почеток во 20:15 часот, а може да го гледате ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!