Ракометарите на Барселона одработија тешка средба на гостувањето во Словенија кај Целје, но дојдоа до победа од 32:29.
После 60 минути надигрување победникот беше одлучен во завршницата. Целје се покажа како одличен ривал, но нијанси го оставија без бодови против Барселона.
Од почетокот на средбата домашните беа рамноправни и беа во водство. Имаа предност, но Барселона е квалитетен состав кој сезонава игра убедливо најдобро во групната фаза од Лигата на шампионите и успеа да се врати.
После 17:16 на полувреме во корист за Целје во продолжението беше одиграно далеку подобро од гостите. Сепак, голманот Вујовиќ беше најголемиот адут на Целје и играч кој ги држеше своите во игра за победа. Успеа да спречи над десет зицери на Барселона, но не можеше да донесе и триумф.
Во една ваква игра тимот на Барселона имаше поквалитетен финиш во кој беше обезбедена и победа од три разлика за 13. победа во 13. средба во Групата Б од Лигата на шампионите.
Фраде со седум и Лангаро и Макуц со по пет гола беа најпрецизните во Барселона, додека Новак со седум и Начиновиќ со пет најефикасните во Целје на овој натпревар. Барселона има уште еден натпревар до финиширањетона групната фаза, а следната среда ќе игра против составот на Мотор на домашен терен и има одлична шанса за да стигне до максимални 28 бода од 14 средби.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б
ТАБЕЛА