Македонскиот интернационалец Мартин Томовски заедно со Потсдам вечерва му гостуваа на Магдебург во натпревар од 21. коло од Бундес лигата.
Потсдам загуби убедливо со 25:15 (13:7), а Македонецот беше единствена светла точка во поразениот тим, бидејќи бранеше на солидно ниво.
Томовски натпреварот го заврши со дури 18 одбранети удари, а една од неговите интервенции го одбележа дуелот.
Членот на Магдебург, Серадиља, тргна во контра, а Томовски дотрча од клупата кон својот гол, не успеа да се намести меѓу стативите, па скокна свртен со грб и на своја среќа го одбрани ударот на противничкиот ракометар.
Погледнете….
View this post on Instagram