🎥 Како во фудбалот - ракометните судии јавно ќе ги објаснуваат одлуките по ВАР системот! - 24 РАКОМЕТ

🎥 Како во фудбалот – ракометните судии јавно ќе ги објаснуваат одлуките по ВАР системот!

Ракометот тргнува по стапките на фудбалот и хокејот - арбитрите ќе ги објавуваат јавно и ќе ги објаснуваат своите одлуки и зошто ги донеле, откако ќе завршат со користењето на ВАР системот. Оваа пракса веќе се применува на женскиот Мундијал во Германија и Холандија.