Шведскиот стратег Љубомир Врањеш не е повеќе тренер на шведскиот тим Кристијанштад, објави клубот на офцијалната веб страна.
Некогашниот учесник во Лигата на шампионите има веќе седум порази во 16 меча во домашното првенство и тешко дека ќе стигне до место во европските купови за следната сезона.
Поради финансиската криза, Кристијанштад нема состав кадарен да се бори за врвот во шведската лига, па тоа е една од причините за заминувањето на Врањеш.
Сепак на тимот добро му оди во Лигата на Европа, каде што се наоѓа на првото мето во групата, со четири победи и два порази, пред Фуксе Берлин и Спортинг Лисабон.
Сега Врањеш ќе може да се концентрира на настапот на словенечката селекција на Светското првенство во Египет.