Чешка беше одличен противник, но Русија се израдува на бодовите

Репрезентацијата на Русија ја совлада селекцијата на Чешка со 28:27 во натпревар од квалификациската група 3 за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во јанаури во 2022 година.

Русија тешко стигна до бодовите на овој натпревар, a во почетните минути се играше израмнето со менување на водството на двете екипи и минимална предност. Во финишот на првите 30 минути, сепак, Русија обезбеди предност.

Сорока со два гола од седмерец и Косоротов се погрижија на полувреме репрезентацијата на Русија да замине со минимална позитива од 14:13. Во продолжението Русија постојано беше во водство но само од еден или два гола и Чешка постојано беше закана.

Завршницата беше неизвесна, Чесите се доближија на миниус еден и беа на чекор до позитивен резултат, но домашниот состав не дозволи да ја испушти победата. Со овој триумф Русија се зацврсти на првата позиција со вкупно пет бода од од три меча.

Најефикасен во составот на Русија беше Сергеј Косоротов со шест гола, додека петпати погоди Дмитри Санталов. Во репрезентациајта на Чешка најмногу се истакна Томас Цип со седум гола.