Ракометната сезона е завршена практично во сите европски земји, но се чини дека Украина ќе го следи примерот на Романија и ќе испрати допис до клубот дека ќе се игра ракомет во јуни.
Таму вонредната состојба завршува во понеделник, екипите ќе може да почнат да тренираат, а до вторник сите треба да се изјаснат по предлогот на украинската федерација.
Предложено е од 12 до 14 јуни одигра едно коло, по што ќе биде јасно кој тим ќе биде на второ место – ЗТР Запорожје или Донбас Мариупол.
Тимот што ќе биде второпласиран ќе игра финална плеј-оф серија со Мотор Запорожје, кој има 16 победи на 16 меча. Завршниот турнир во Купот на Украина, предложено е да се одигра на 27 и 28 јуни, доколку клубовите учесници се согласат на тоа.