Како што пренесуваат руските медиуми, легендарниот тренер Евгениј Трефилов е заразен со коронавирус и е хоспитализиран на една клиника во Москва. Засега неговата состојба е стабилна според првичните информации.
Трефилов најпрво бил хоспитализиран во неговиот роден град Краснодар, но претседателот на руската федерација ги платил сите трошоци тренерот да биде префрлен во Москва.
Причина за тоа е големиот број заразени во Краснодар и преполнетост на болниците што ми можело да доведе до тоа Трефилов да не ја добие потребната нега. Иако е во болнички услови, Трефилов се огласи за медиумите и ја објасни неговата состојба.
„Јас сум некој кој е навикнат на дисциплина и нема да зборувам премногу без разлика што мислам. Не сакам луѓето многу да се грижат, сите тестови кои ги правев до сега се направени повторно и чекам резултати. Лекарите велат дека болеста може да помине без големи последици, но проблем е што имав многу операции во минатото што го зголемува ризикот. Не е време за шега, но моментално се чувствувам добро, ниту температурата не ми е многу висока. Многу ми е чудна оваа ситуација, околу мене кружат само луѓе облечени како астронаути. Во секој случај ќе се борам до крај, нема да се откажам. Сакам на сите да им порачам да водат грижа за себе и за саканите“, порача Трефилов во изјава за „брз центар“..
Евгениј Трефилов би требало да ја предводи женската репрезентација на Русија на претстојното Европско првенство кое треба да се одржи во декември.