- Левиот бек Дарко Стевановиќ кој претходно играше за Партизна, Балатонфуреди и последно Егер во Унгарија, се сели во катарскиот Ал Араби, откако потпиша договор на три сезони.
- Пикерот Матеуш Пиечовски кој си замина од Висла Плоцк, е многу блиску до потпис со шпанскиот Адемар Леон. Тимот од Асобал е предводен од Маноло Каденас, кој соработуваше заедно со Пиечовски во полскиот тим.
- Романскиот тим Баја Маре му донесе конкуренција на Жозе Толедо. Станува збор за 28-годишниот десен бек Никола Шкробиќ, кој последната сезона играше за Банијас во Обединетите Арапски Емирати.
- Рускиот првак Чеховски Медведи по Артем Кулак, го обезбеди потписот и на пикерот Александар Ермаков во следните три години. Ермаков претходно настапуваше за Динамо Астрахан.
- Словенечкиот лев бек Јака Шпилјак, кој во последните четири сезони беше дел од шпанскиот Сагунто, ја продолжува кариерата во Асобал, но во друг клуб – Бенидорм, со кој потпиша договор за следната сезона.
- Десното крило Ник Томинец ја продолжи соработката со швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен, откако потпиша договор за следните три сезони.




