„Тешко е да се направи финалниот чекор кон најдобрите европски екипи“

Мешков Брест загуби од Веспрем со 28-24 и ќе игра само за третото место на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.

Тренерот на белорускиот првак, Раул Алонсо и покрај поразот е задоволен од играчите на неговиот тим.

„Задоволен сум од сите играчи и односот од првите 45 минути. Ова е екипен спорт и нема потреба да се издвојуваат поединци. Ако турнирот се играше во април или мај не знам дали ќе беше поинаку. И двете екипи игра добро во овој дел од сезоната. Работам на тоа да имаме ротација и да го достигнеме нивото на екипите во Европа. Тешко е да се направи финалниот чекор кон најдобрите и се надевам дека наскоро ќе успееме да дојдеме до посакуваното. Знаевме дека имаме шанси ако одиграме добро, но одигравме добро 45 минути. Следуваше период со грешки и тој дел го одлучи натпреварот. Веспрем имаше одлични голмани, а за да се совлада еден ваков тим е потребно повеќе од 45 минути. Горд сум на играчите и му честитам на Веспрем за победата. Ракометот е колективен спорт. Беше важно да го напаѓаме Веспрем каде е најслаб. Иако Вајлупов е најдобар стрелец, тоа немаше значење за овој натпревар.

Мешков Брест ќе игра в недела од 18:00 часот во мечот за третото место со поразениот од дуелот меѓу Вардар и Загреб.