Со комплетирањето на 12. коло од Супер машката лига веќе е јасен и изгледот на табелата. Металург со новата победа се врати на првата позиција.
Продолжува трката со Охрид за првото место, а и после 12. коло нема измени кога е во прашање првата четворка односно составот на екипите кои се во предност за местото во плеј-офот. Разликата е доволно голема за веројатно да нема проблеми до крајот да се издржи на овие места и напролет да се дојде до место во групата која ќе одлучува за титулата.
Металург, Охрид, Бутел Скопје и Пролет се тимовите кои засега се на овие четири позиции. Радовиш е најблизу, но заостанува и понатаму.
До крајот на овој дел има уште две кола по што ќе следува пауза до февруари.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЈУНИОР 28:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Божиновски 12, Печенковски 4, Милошевски 3 – С. Крстевски 4, Дука 4, Атанасовски 3
МЕТАЛУРГ 2 – РАБОТНИЧКИ 36:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Стојановиќ 10, Стоилевски 6, Додиќ 5 – Палевски 17, Темелкоски 6, Михајловиќ 3
СТРУГА – РАДОВИШ 23:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Новаковиќ 8, Маркоски 6, Кузманоски 2 – Илиев 12, Стојановски 4, Ѓоргиески 3
ОХРИД – ПЕЛИСТЕР 28:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Блажески 7, Кривокапиќ 4, Тот 4 – Талевски 6, Петровски 4, В. Димитровски 3
МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ 36:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Поповиќ 10, Серафимов 7, Лазаревски 5 – Џонов 9, Андоновски 6, Аларов 5
ТАБЕЛА: 1. Металург 32 бода (405:301); 2. Охрид 31 бод (342:273); 3. Бутел Скопје 28 (332:285); 4. Пролет 23 (365:322); 5. Радовиш 19 (358:352); 6. Вардар јуниор 15 (327:361); 7. Пелистер 11 (303:3168); 8. Металург II 7 (343:412); 8. Работнички 4 (353:414); 10. Струга 4 (275:357).