Искусниот лев бек Иванче Ончев не е повеќе член на новиот суперлигаш Астраион и нема да ги одигра последните два меча од регуларниот дел во Суперлигата за струмичкиот тим.
Еден од најдобрите играчи на Астраион, кој беше меѓу првите стрелци во прволигашката конкуренција претходните две сезони, заминува од клубот поради приватни причини.
Ончев потекнува од составот на Борец Велес, а беше дел од повеќе прволигашки и суперлигашки екипи.
Настапуваше за Работнички, Драчево, Македонија Ѓорче Петров, како и некогашниот Металург Јуниор, а наскоро се очекува да биде позната и неговата нова средина.