Долгогодишниот ракометар на Охрид и тренер во младинските категории на клубот, Наум Бабачев, ќе биде дел од стручниот штаб на првата екипа.
Тренерот Раде Стојановиќ ќе има засилен стручен штаб, а Бабачев ќе има шанса да ги покаже квалитетите на натпреварите од суперлигашкото друштво.
Ривали на Охрид ќе бидат Пролет, Радовиш, Струга, Астраион, КЛ7 и Јуниор Кисела Вода.
Натпреварите од Суперлигата би требало да започнат во вториот викенд од септември, односно на 12/13.