Раководството на Спартак успеа да го продолжи договорот со една од најдобрите ракометарки во екипата, Ангела Гроздановска.
Средниот бек во Спартак пристигна претходната сезона од Вардар и забележа одлични настапи во екипата предводена од тренерот Велимир Мицевски.
Во клубот пристигна и првото официјално засилување за новата сезона. Ракометарката на Чаир, Ива Мисовска се одлучи да ја промени средината и во новата сезона да го носи дресот на Спартак.
Екипата на Спартак во Женската лига заврши на 7. позиција на табелата.
Во новата сезона, Спартак ќе настапува со променет состав, а клубот ќе биде составен од млади ракометарки.Дел од ракометарките кои беа носители на играта во изминатата сезона веќе си заминаа.