Сеха има нов крал, повторно доаѓа од Вардар (ФОТО)

Еден од играчите кои учествуваа во сите успеси на Вардар во последните 6-7 години, Тимур Дибиров се најде на списокот на кој досега беа Лука Циндриќ и Игор Карачиќ. Тој е новиот крал на социјалните мрежи во СЕХА.

Крунисувањето не одеше како на претходните завршни турнири, но јасно е дека и ова е добар повод за да се даде една убава најава за новиот турнир.

Самиот Диборов се пофали со круната на својот профил на Инстаграм.