Ракометарите на Металург в сабота го играат првиот натпревар од двомечот со хрватската екипа Спачва во Лигата на Европа.
Според протоколот на ЕХФ, денеска сите ракометари и членовите на стручен штаб направија тестови на Ковид-19 и сите добија негативни резултати.
Тоа значи дека тренерот Зоран Кастратовиќ ќе ги има на располагање сите ракометари, вклучително и новите засилувања за тимот од Автокоманда.
Натпреварот меѓу Металург и Спачва се игра на 29 август во Автокоманда со почеток во 19:00 часот, додека реваншот е на 5 септември во Винковци.