Екипата на Преспа на свој терен беше убедлива против Текстилец, триумфираше со 32:16 и дојде до втората победа во прволигашкиот плеј-аут. На првиот одигран дуел во плеј-аут фазата, тимот на Текстилец ја совлада Преспа со 30:28.
Гостинот пружи отпор само на стартот, парираше до 2:2, а сѐ останато мина во знакот на домаќините. Текстилец не можеше да направи нешто повеќе со разиграните домаќини и веќе капитулира во првиот дел, кој заврши со десет гола разлика за тимот на Преспа, 17:7.
Преспа продолжи со исто темпо во второто полувреме, максимално ги користеше грешките на ривалот од Штип и успеа да дојде до поубедлива предност.
Најефикасен во победничката екипа беше Бојан Поповски со седум погодоци, додека Филип Георгиевски и Филип Шиклевски имаа по шест реализаци. Во тимот на Текстилец прв стрелец беше Филип Џинес со пет погодоци.