Поранешниот шведски репрезентативец и ракометар кој беше прогласен за играч на 20. век, Магнус Висландер пред повеќе од една година доживеа мозочен удар после кој му следеше долг процес на закрепнување.
Висландер неодамна ја имаше последната лекарска контрола во болницата во Гетеборг и конечно може да каже дека е целосно закрепнат после мозочниот удар кој го имаше во октомври минатата година.
Швеѓанецот беше спасен благодарение на брзата интервенција на колегите кога на еден од тренинзите му се слошило. Сепак навреме бил префрлен во болница и сега закрепна. Тој е надвор од ракометот подолг период но би можел да се врати и на тренерската работа во тимот на Редбергслид.
Висландер во кариерата има освоено повеќе златни одличја, или шест златни медали од големите европски и светски натпреварувања. Тој е дел од златната генерацијаа на Шведска со Олсон, Врањеш и Ловгрен со кои ги постигна најголемите успеси. На клупски план Магнус Висландер беше еден од најдобрите играчи кои играле во Кил.