Екипата на Гмини Кобиржице во која настапува интернационалката од Македонија, Зорица Десподовска во првото коло од Супер лигата на Полска славеше победа во дерби натпреварот против Пјотрковија со еден гол разлика, 24:23.
Десподовска и нејзините колешки стигнаа до победа по одличната игра во вториот дел. На полувреме, Пјотрковија имаше предност од три гола, 14:11.
На овој натпревар, Десподовска еднаш се запиша во листата на стрелци.
Кобиржице следниот натпревар ќе го одигра на домашен терен против екипата на Старт Елблаг. Натпреварот е закажан за 12 септември со почеток од 10:30 часот.